Заев му се закани на Љубчо Георгиевски: Ти си следен

 

Лидерот на СДСМ му закани на Љубчо Георгиевски дека во периодот кој следи ќе почне да објавува снимки во кои тој е главниот лик.

Ако дозволите, во периодот што претстои на јавноста ќе и стане јасно зошто господинот Љубчо Георгиевски калкулира во матно во овој период обидувајќи се да ги изедначи двете страни. Ако е опозиционер ќе излезе јасно и гласно ќе застане против тоа. Ако е нешто друго најверојатно го прави тоа што го прави. Вистината за Македонија, реков, нема да поштеди никого, знаејќи го тоа тој, најверојатно се обидува да си купи некое приврзаништво со Груевски, но и со сите други – рече Заев.

Заканите на Заев следат откако Георгиевски јавно кажа дека зад прислушувањето стои СДСМ.

„Јас сум 90% убеден, еве оставам 10%, дека оној дел во кој се министри и функционери на ВМРО е снимано од СДСМ. Цело време викам УДБА за да го заштитам СДСМ. Еве ви кажувам СДСМ снима, што сакате друго да ви кажам – изјави лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски во интервју за ТВ 24 вести

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега