Маските паднаа- самата опозиција го разобличи сценариото на Заев
Во јавноста повеќе нема никакви дилеми, јасно се докажа кој снимал и кој стои зад аферата со прислушувањето која веќе неколку месеци ја разбранува државава. Освен признанијата од осомничените кои се најубедлив доказ за тоа кој и како стои позади креираните материјали на Заев, дополнително и експоненти на опозицијата сами укажуваат дека позади сето ова стои СДСМ.
Низа признанија на инволвираните во процесот кој е на штета на државата јасно го разобличија мрачното сценарио на опозицискиот лидер Зоран Заев, екс разузнавачот Зоран Верушевски и нивната агентурна мрежа. Клопчето најпрво започна да се одмотува откако шестоосмничениот го призна целото дело.
Звонко Костовски, еден од обвинетите во случајот „Пуч“ и вработен во МВР доби тригодишна затворска казна. Тој беше осомничен за шпионажа и неовластено снимање. Обвинетиот склучи спогодба со јавното обвинителство, ги призна сите дела и ги кажал сите учесници и детали за случајот.
После ова, стана кристално јасно дека Верушевски заедно со петто и шестто осомничениот во соработка со странски служби организирале прислушкување на луѓе од државниот врв. Тој беше осуден на казна затвор и пресудата јасно укажува дека шестоосмничениот прислушкувал и тие материјали му ги доставувале на Верушевски.
Одговорноста за аферата „Пуч“ и за прислушкувањето ја призна и петтоосомничениот во исказ пред обвинителството, за чија пак сопруга се откри во јавноста дека добивала големи суми на пари од фондацијата СОРОС.
Сопругата и други членови на семејството на петтосомничениот стекнале голем имот во пари и коли, а дел од финансиите исплаќала организацијата СОРОС, објавија медиумите.
Полицијата сомнителни трансакции откри во февруари годинава, од кои близу 200.000 евра од филијалата на СОРОС во Македонија легнале на сметката на сопругата на петтоосомничениот во Пуч, Ѓорѓи Лазаревски. Како вработена во фондацијата во последните четири години и биле исплатени 130 000 евра, на повеќе месечни рати од 2000 до 3000 евра.
Петтоосомничениот всушност бил врската меѓу поранешниот прв човек на УБК Зоран Верушевски , лидерот на СДСМ Зоран Заев и шестоосомничениот Звонко Костовски кој директно вршел неовластено прислушување.
-Според досега документираните сознанија, двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени. Од првично направените проверки, имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина, но и во акции кои завршиле кај нив, рече портпаролот на МВР Иво Котевски.
Дополнително, шестоосомничениот во признанието како и во судската пресуда јасно кажува дека тој и петтоосомничениот работеле по наредба на Верушевски.
За тоа дека Верушевски заедно со своите инсталации од службите организирале прислушкување на државниот врв и дека тие материјали биле давани на странски служби можеше да се заклучи и од фатената комуникација со петоосомничениот како и тоа дека тие материјали подоцна паднале во рацете на Заев.
Скандалозна скајп комуникација меѓу Верушевски и неговиот поранешен колега од тајната полиција, петтосомничен во случајот, Ѓорги Лазаревски, откри истрагата во еден од запленетите компјутери од домот на Верушевски. Анализирајќи ја политичката ситуација во земјава и случувањата во опозицијата, Верушевски употербува погрдна терминологија за лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во комуникацијата, Верушевски го користи псевдонимот, оркестар11, а Лазаревски е кока кола 10а.
Во скајп комуникацијата од 2 февруари 2014 та година, Лазаревски му пишува на оркестар 11 :Тричко ја погоди-Заев треба да учи од Кличко, а не од Вучич. Амнестиран политичар било ко пуштен педофил – одговара Верушевски, односно оркестар11. Двајцата комуникацијата ја проодлужуваат коментирајќи ги предизборниот период. Кока кола10а пишува -море боксерот добро се брани, Верушевски потенцира дека ќе следува страшен период доколку не се смени ништо на политичката сцена. „Ќе биде страшно во моментов кога ќе добијат нов мандат, а тоа личи на неизбежно требаат големи чуда, чудата се започнати“ – пишува Верушевски.
Вината ја призна и самиот адвокат на Верушевски кој сакаше одговорноста да ја префрли на системот кој не ги превенирал слабостите со што овозможил Верушевски да го спроведе прислушкувањето.
-Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не грешката кај него туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита, рече адвокатот на Верушевски, Ангеле Илиевски.
Најдобриот доказ и одговор за тоа кој имал интерес од сниманите материјали и кој стои позади тоа го даде коалицискиот партнер на СДСМ и опозиционер Љубчо Георгиевски. Тој изјави дека јасно е дека СДСМ снимала.
-Јас сум 90 посто убеден, еве оставам 10 посто, дека оној дел во кој се министри и функционери на ВМРО е снимано од СДСМ. Цело време викам УДБА за да го заштитам СДСМ. Еве ви кажувам, СДСМ снима, што сакате друго да ви кажам- изјави лидерот на ВМРО-НП во интервју за ТВ 24 вести.
Со ова маските паднаа. Постојат три признанија на учесници од самата операција кои ја признаваат вината, последната изјава на Горгиевски дополнително ја разголува операцијата на СДСМ и Заев.
Веќе на секој граѓанин му е совршено јасно дека Зоран Заев ги употребува овие креирани материјали за да предизвика криза и тензии, да дојде на власт без избори надвор од волјата на граѓаните. Заев е фатен во тесно бидејќи сите работи кои што ги употребува како аргументи му се распаѓаат како кула од карти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа