Ѓорчев: Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не ја виткаат кичмата!
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сите овие изминати години беше со стружани. Сега кога премиерот е најмногу напаѓан, граѓаните на Струга се со него, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на синоќешната трибина на владејачката партија во Струга.Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сите овие изминати години беше со стружани. Сега кога премиерот е најмногу напаѓан, граѓаните на Струга се со него, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на синоќешната трибина на владејачката партија во Струга.
]-ВМРО-ДПМНЕ и Македонија не ја виткаат кичмата. Тие што планираат да им наштетат, нема да успеат, затоа што граѓаните на Република Македонија стојат зад Владата и македонските позиции. Малце им беше тоа што велеа дека работите се вакви или такви. Сега се најавуваат и протести на улица на ниво на конфронтација. Една работа сакам да ви кажам. Потсетете се изминативе 10 -20 години, во било која држава во која што се случил преврат преку улица, во која што имало жестоки конфронтации, дали откако тоа ќе завршело после 6 месеци, една или две години, дали некогаш имало економски развој, дали се отворени нови фабрики, дали се решени клучните проблеми, рече Ѓорчев.
Тој истакна дека заканите од демонстрации и конфронтации какви што се заговараат и стимулираат од страна на опозицијата не носат успеси.
- Ниту една прес конференција на Зоран Заев нема да реши ниту еден проблем што луѓето ги тишти дали колективно или индивидуално. Нема да донесе ова среќа. Затоа што на местата каде што се случуваат крвопролевање, жестоко конфронтации нема среќа погледнете не е тоа само на Балканот туку и во други држави. Таму каде што има конфронтации нема ништо добро, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ.
Тој пред стружани зборуваше за позитивните проекти кои им го олеснуваат животот на граѓаните.
-Дали ако некој изврши насилство во Струга, ја каменува полицијата, ќе донесе повеќе туристи во Струга и Охрид. Гледате после долги години се зголемува бројот на туристи и во Скопје и во овие два града. Има повеќе летови. Ако во РМ се случи жестока конфронтација каква што се најавува, каква што се заговара, каква што се стимулира, дали тоа ќе биде добро или лошо за туризмот во Струга и во Македонија. Дали тоа ќе донесе повеќе фабрики, или ќе избрка фабрики. Лесно е да се затвори фабрика и да се избркаат луѓе. Во текот на само четири години од 1994 до 1998 година во Македонија се отпуштија 200 илјади луѓе и се затворија стотици фабрики, рече Ѓорчев.
Тој нагласи дека во струшкиот регион треба да се вработат 200 луѓе во фабриките „ОДВ Електрик“ и „Костал“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа