ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски и Заев се поборници на мрачни сценарија и насилство
После самопрогласувањето на Заев за Божји гласник, денес после долг период повторно имавме можност да се јави спасителот во ликот на Бранко Црвенковски, се вели од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Интегрален текст од реакцијта на ВМРО-ДПМНЕ
Лицето Бранко Црвенковски на кого очигледно му досадија прошетките по Флорида и седенките и севдалинките по локалите во Македонија, денес се пројави со писмо очекувајќи целата јавност да се стресе и возбуди од неговиот проглас и да му заборави за сето зло што го има направено врз граѓаните и државата, дека ќе ги заборави мрачната и болна приватизација во која се раскрчмија над 460 фирми и земјоделски комбинати и беа избркани од работа 200 000 работници, шверцот со нафта цигари и бакар, неразјаснетите убиства и самоубиства, лажните ветувања за вработување на по еден член од секое семејство, територијалната поделба при која тепаше граѓани кои се спротивставија на неа, сменетото име и знаме, сомнително доделените над 120 000 државјанства и илјадниците други негови лаги и манипулации.
Лицето Бранко Црвенковски е мрачното лице на Македонија и единствено како такво претставува соодветно друштво на мрачниот лик Заев и мрачните сценарија на СДСМ. Добро си одговараат еден со друг тоа им е заедничко. Заедничко им е и што двајцата и Бранко Црвенковски и Зоран Заев се поборници на мрачни сценарија, на насилство, на тензии, на одработувања за туѓи интереси и затоа и двајцата немаат подршка од народот.
Бранко Црвенковски нема никаков морален кредибилитет да зборува за решенија бидејќи тој 20 години е генератор на проблемите, а кога ќе реши малку да се одмори и прошета тогаш проблемите ги прават неговите клонови, чувари на столче и соработници кои за 20 години кариера немаат ниту еден реализиран проект по кој народот ќе ги памети.
Сакаме да му порачаме дека ова не се 90-тите и дека нема да дозволиме Македонија повторно да биде заложник на неговите ниски страсти. Нема да дозволиме да го загрози развојот, реализацијата на над 2000 проекти и отворањето на новите фабрики и работни места
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа