ТМРО: Исто воено сценарио со истиот режисер
Во 2001 година на караулата Кодра фура до село Танушевци, 40-тина униформирани лица со ознаки УЧК кои првпат се појавија, заробија 4 граничари на АРМ, кои после 12 часовно заложништво беа ослободени, со напомена за половина час да заминат од местото, потсетува преку соопштение партијата ТМРО.
- „Условот тогаш беше да бидат трампани за извесен Џавид Асани. Ова беше првата акција на УЧК, по што почна војната во 2001година. Вчера на 21 април 2015 во село Гошинце на караулата беа заробени 4 македонски граничари, кои биле ослободено по 12 часа, со напомена за половина час да заминат од местото. Дали имало и овој пат некој услов за ослободување на граничарите или било со друга цел, останува нејасно“.
За ТМРО двата настани се веќе видени, сценариото е потполно исто, дури и бројот на луѓе, реченици... Очигледно и режисерот е ист, соопштува ТМРО.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа