БиХ: Најпрвин ја удрил со автомобил, па си ја заклал сопругата

 

Денеска околу 10 часот и 300 минути на улицата Какањ било извршено убиство од страна на едно лице, кое најпрви со автомобил ја удрил жената, а потоа ја заклал среде улица.

Тамошната портпаролката на полицијата Алдина Ахмиќ истакнала дека полицијата извршила увид на самото место на настанот, а со повеќе информации ќе излезат во текот на денот. 

-Убиено е женско лице, а сторителот е приведен и моментално се наоѓа во службените простории, изјавила таа.

Според неофицијални информации станува збор за Амел Марушиќ кои брутално си ја убил сопругата Насиха Марушиќ. 

-Човекот   прво ја удри сопругата со автомобилот. Таа беше заедно со мајка и’. Потоа излезе со нож во рацете и ја закла пред минувачите, пред мене, пред мајка и’... Потоа со силни удари почна да ја удира по телото иако таа беше веќе мртва, раскажала една жена која присуствувала на овој шокантен настан.

Тие во последните неколку недели живееле одвоено, а од шестгодишниот брак имаат и едно петгодишно детенце. 

Откако го извршил убиството Амел самиот се пријавил во полиција.

најчитано сега