Вечерва врие во СДСМ: Дебаклот во Центар ја вжешти атмосферата на Бихаќка

 

Големи несогласувања и расправии во најголемата опозициска партија СДСМ, откако референдумот за Градскиот трговски центар (ГТЦ) не успеа, бидејќи не беше постигнат потребниот цензус од 50 отсто, односно на истиот не излегоа повеќе од половина од запишаните избирачи во општината.

Според последните информации од Граѓанската асоцијација МОСТ, до 19 часот на референдумот гласале 40,46 отсто од жителите, по што започна вистинска расправија во опозициските редови за тоа кој е виновен за фијаското кое денеска им се случи во Центар.

Мачна и тензична е атмосферата во опозициските редови, каде се води жестока дискусија за тоа дали неработењето на Андреј Жерновски и немањето на проекти или пак лажните анкети кои ги објави агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорѓи Спасов се криви за жестоката шлаканица кои денеска Зоран Заев и Андреј Жерновски ја добија од граѓаните на Центар.

Нападите кон Жерновски се врз основа на немањето капитални проекти од кои конкретна полза ќе имаат граѓаните на Центар, бидејќи првиот човек на централната скопска општина често е обвинуван за своето неработење, додека пак анкетата на Спасов пред неколку дена се покажа како целосно промашување. „Рејтинг“ излезе со анкета според која дури 83% од граѓаните на Центар ќе гласале за тоа ГТЦ да го задржи автентичниот излед. Тие дури во истата посочуваат дека има плус 15 % раст на поддршката на референдумот меѓу граѓаните на Центар.

Но, одржаниот референдум покажа дека анкетата на Спасов е целосно промашена. Огромното мнозинство на граѓани не ја поддржа иницијативата на Жерновски и СДСМ. Граѓаните незаинтересирани за инцијативата на опозицијата. Дури 60% од граѓаните се одлучија воопшто да не излезат и гласаат со што јасно ја покажаа својата волја да не ја подржат оваа иницијатива на СДСМ и Жерновски.

Меѓу виновниците за неуспешниот референдум некои од опозициските поддржувачи го посочуваат и Бранко Героски, главниот стратег на опозицијата кој сега се правда и наводно ја критикува опозицијата дека не знаеле да изработат позитивен референдум и индиректно ги обвини дека се одговорни затоа што според него не знаеле вистински да организираат кампања и недоволно работеле на задачата. Но, Героски вината ја наоѓа и во граѓаните, за кои вели дека го предадоа ГТЦ.

Дополнително, неуспешниот референдум во Центар, кој воедно значи и 11-ти пораз во низа за опозицијата, дебакл на политиките на Жерновски и пораз и за Заев, Шекеринска и Милчин, направи хаос на социјалните мрежи. Таму е видлива разочараноста од неуспехот на референдумот, па сега на секој начин се бара виновникот за ваквото фијаско на опозицијата чија деструктивност е директно казнета.

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега