Од вчера по најмалку 1000 денари повисока плата

 

Над 10.000 вработени во Министерството за внатрешни работи вчера ја добија покачената плата за месец април, согласно ветеното од Владата.

policija500

 

Тоа што го ветивиме го исполнуваме! Денес е исплатена априлската плата за вработените во МВР. Со мерката "Усогласувањето на плати“, основната плата на полициските служеници и овластените служебни лица е за 5% повисока во однос на мартовската. Оваа мерка директно ќе ја почуствуваат над 10 000 вработени во МВР, но и сите членови на нивните семејства. До крајот на 2017 ќе резултира со зголемување на основната плата на лицата со посебни должности и овластувања за околу 20% и ќе се изедначи со основната плата на лицата со посебни должности и овластувања во Царинската управа, напиша вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на Фејсбук.

Ако просечната плата е околу 20.000 денари, секој вработен има во просек покачуање од околу 1.000 денари

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега