Американската Lear ќе вработи над 2.000 лица

 

Крупната инвестиција која веќе ја најави премиерот Никола Груевски на народниот собир во Тетово, се исполнува. Американската компанија Lear официјално ја објави својата инвестиција во Република Македонија вредна 15 милиони евра.

Станува збор за втора по ред најголема компанија која инвестира овде, веднаш по Џонсон Контролс.

Lear произведува висококвалитетни навлаки за седишта од ткаенина и кожа.

Како што информираше министерот за странски инвестиции, Веле Самак, Lear ќе започне со браунфилд инвестиција и до крајот на годинава ќе вработи 300 лица.

Предвидено е до средината на 2016 година Lear да вработи над 2.000 лица од полошкиот регион.

Производите кои Lear ќе ги произведува во Македонија ќе бидат наменети за извоз до европските брендови на автомобили.

Прво ќе започнат со ангажирање на раководен менаџмент.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега