Нови ковани пари на НБРМ

 

Народната банка издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Близнаци ” и „Рак” од серијата „Хороскопски знаци”. Цената на кованата пара „Близнаци“ и на кованата пара „Рак“ изнесува 2.700 денари.

Кованите пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21 грам, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 милиметри полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 милиметри. 

На аверсот на кованата пара „Близнаци“ е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија” и „10 денари” на македонски јазик, како и годината на издавање „2015” и ознаката „Аg925”.

На реверсот, на левата страна е претставена слика на близнаци кои во рацете држат дел од Млечниот Пат. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Близнаци. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Близнаци и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со графички украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ја косата на близнаците, симболот и ѕвездите на Млечниот Пат) се насликани со злато.

На аверсот на кованата пара „Рак” е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија” и „10 денари” на македонски јазик, како и годината на издавање „2015” и ознаката „Аg925”.

На реверсот, на левата страна е претставена слика на рак. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Рак. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Рак отпечатен на школка и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс кој се состои од школки и алги, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (дел од телото на ракот, симболот на Ракот, некои школки и алги) се насликани со злато. 

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега