Потпишан протокол за дополнителна квота дозволи од трети земји меѓу Македонија и Србија
На состанокот на мешовитата комисија за меѓунроден превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Република Србија која се оддржа во Белград, потпишан е протокол со кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 50 дозволи за и од трети земји.
Исто така договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа:
- билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален односно без режим на дозволи
- да се разменат 5000 билатерални дозволи за нееколошки возила
- да се разменат 5000 транзитни дозволи за нееколошки возила
- да се разменат 300 дозволи за и од трети земји
Исто така договорено е веднаш да се започне постапка за измена на спогодбата за меѓународен патен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Србија каде ќе се предвиди целосна либерализицаија на билатералниот и транзитниот превоз на стока за нееколошки возила односно да се врши без режим на дозволи, како и либерализација на наизменичниот превоз на патници.
Усогласувањето на текстот на спогодбата се очекува во септември или октомври годинава и истата да стапи на сила најдоцна до почетокот на следната година
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа