Починале од глад: Спасена и Никола пронајдени мртви во својот дом

Телата на 67 годишниот Никола и една година постарата Спасена, негова сопруга, вчера се пронајдени во нивниот стан во Белград. Како што јавуваат српските медиуми, брачниот пар починал од прегладнување иако официјалната причина за смртта ќе биде соопштена по завршувањето на обдукцијата.
Нивните соседи велат дека живееле многу сиромашно а во блиската пекара само за леб должеле околу 4.000 српски динари.
Откако повеќе од една недела не ги виделе во соседството соседи ги побарале дома, но никој не отворал. Почувствувале миризба и повикале полиција.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега