Српската Влада го игнорира Сорос за „Галеника“

Српската Влада ја игнорирала понудата на американскиот милјардер Џорџ Сорос за купување на фармацевтската компанија „Галеника“, по што тој се откажал.

Како што пишуваат српските медиуми, владата не пратила одговор повеќе од 10 месеци. Останува нејасно зошто се случило тоа, дали е во прашање менувањето на министрите за еконимија или едноставно понудата ја игнорирале.

Сорос најверојатно се откажал од „Галеника“ поради долговите на фармацевтската компанија кои изнесуваат околу 220 милиони евра.

Американскиот милијардер преку својот фонд „Quantum strategic partners“ во октомври 2014 година пратил писмо дека е заинтересиран за „Галеника“.

„Сакаа да го купат имотот на „Галеника“, а понудиле и социјална програма. Планирале да продолжат со производството на лекови. Меѓутоа не сакале да го прифатат долгот од 220 милиони евра“, вели извор за српскиот портал blic.rs.

Неофицијално Сорос дал понуда која изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега