Ученичка паднала на час и починала - целиот град плаче по неа

Голема трагедија ја потресе Босна. Ученичка паднала на час и починала. Според податоците на Инмедиа, веста го потресе целиот град. Се работи за  Амила Хасанбеговиќ која паднала во школскиот двор додека била на настава на часот по физичко и заминала во смрт. Малолетничката била веднаш пренесена во болница, но за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт. 

Училиштето веднаш ја прекинало наставата, кафулињата ја изгасиле музиката, градот е завиен во црно. Цела општина каде живее девојчето жали и плаче по него.

Сите кои ја познаваат Амила велат дека била ведра, насмеана и одговорна девојка. Никој не сака да поверува во големата трагедија. 

Инаку, обдукцијата покажала дека девојчето починало од срцев удар.

Погребот на ученичката ќе се изврши денеска.

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега