Ужас во Основно училиште

Инспекцијата и полицијата го истражуваат случајот кој деновиве го потресе Белград. Имено, како што пишува српскиот Блиц, 13-годишното момченце С.М. било претепано додека било на часови од свој соученик. На детето му била скршена вилицата од силните удари.

14-годишниот В.Б. по завршување на часовите го повикал сега претепаниот С.М. да излезе во дворот. Кога ученикот излегол, соученикот го турнал на бетонот и почнал крвнички да го удира, при што му ја скршил вилицата. Детето со тешки повреди и фрактура веднаш било пренесено во болница каде е задржано на лекување.

Мајката на детето е згрозена. Вели дека им следуваат уште многу лекарски прегледи за нејзиниот син и дека не знае како е можно никој да не ги види децата како се тепаат во училиште. Таа бара случајот да не се затскрие, туку да биде истражен и секој да си ја добие казната.

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега