Се намалува невработеноста во Македонија - стапката на историски најниско ниво

 

Стапката на невработеност во првиот квартал од 2015 година изнесува 27,3 отсто, што е на историски најниско ниво, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ваквите податоци покажуваат дека продолжува континуираниот тренд на пад на невработеноста, што е резултат на владини мерки, странски инвестиции и постојано подобрување на бизнис климата. Невработеноста од времето на СДСМ кога изнесуваше 38 % е намалена за цели 10,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година активното население  во Република Македонија брои 959.388 лица од кои вработени се 697.248, а 262.140 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.3 отсто, стапката на вработеност е 41.6 осто, додека стапката на невработеност е 27.3.

Согласно овие официјални статистики, стапката на невработеност во првото тримисечје од 2015 во однос на четвртото тримесечје од 2014 е намалена за 0,3 отсто. Во последниот квартал од минатата година невработеноста изнесуваше 27,6%. Во споредба со првиот квартал од минатата 2014 година кога изнесуваше 28,4 отсто, невработеноста е намалена за 1,1 отсто.

Бројот на невработени во првиот квартал годинава изнесува 262.140 лица и во однос на четвртиот квартал од 2014 е намален за 3.230 лица, односно 1,2%. Во однос на првото тримесечје од 2014 година, бројот на невработени е намален за 9.975 лица, односно за 3,7%.

Стапката на вработеност во првиот квартал од 2015 изнесува 41,6% и во однос на четвртиот квартал од 2014 кога узнесувла 41,5% е зголемена за 0,1 процентен поен, додека во однос на првиот квартал од 2014 (41,0%) е зголемена за 0,6 процентни поени.

Бројот на вработени во првиот квартал од 2015 изнесува 697.248 лица. Во однос на првиот квартал од 2014 бројот на вработени е зголемен за 10.971 лица, односно за 1,6%. Споредено со вториот квартал од 2011 година, бројот на вработени во првото тримесечје од 2015 година е зголемен за 54.439 лица, односно за 8,5%.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега