Драма на Детската клиника: Докторите се борат за животот на 6 месечно издрогирано бебе

Лекарите на Детската клиника во Крагујевац, Србија се борат за животот на 6 месечното бебе откако тоа, вчера е примено во тешка состојба. Бебето е приклучено на апарати за дишење и неговата состојба е критична.
При анализата на урината и крвта, утврдено е дека бебето во себе има траги од наркотици. Имено, мајката и таткото на бебето биле регистрирани наркозависници, а се претпоставува дека дрогата во организмот на детето дошла преку мајчиното млеко.
Таткото (31) и мајката (29) се приведени во полиција и по сослушувањето се пуштени на слобода.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега