И според Светска банка Македонија со најдобри стапки на раст

 

Македонската економија годинава според најновите проекции на Светска банка ќе има раст од 3,5 проценти, следната 3,8, а во 2017 година ќе достигне 4 отсто. 

Според податоците на најновиот извештај „Глобални економски перспективи“, македонската економија ќе има најголем раст од земјите во регионот. 

Растот на БДП во Албанија е проектиран на 3 проценти за годинава, на 3,5 отсто следната и на 2 отсто во 2017 година, во БиХ растот се предвидува да изнесува 2 отсто годинава, 2,3 отсто наредната и 2,9 проценти во 2017 година. Во Бугарија за годинава е проектиран раст од 1,1 отсто, догодина 2 и во 2017 година е 2,7 отсто. Косово се предвидува да има раст од 3 отсто на БДП годинава, 3,5 следната година и 3,7 отсто во 2017 година, Црна Гора годинава ќе има раст од 3,4 отсто и 2,9 отсто следните две години и Хрватска годинава ќе има раст од 0,5 отсто, 1,2 отсто во 2016 и 1,6 отсто во 2017 година. Србија ќе биде единствена земја во регионот на која и се предвидува пад од 0,5 отсто за годинава и раст од 1,5 отсто следната и 2 отсто во 2017 година. 

Во Извештајот за Македонија се наведува дека таа во изминатите години покажа подобри економски перформанси од соседите, благодарение на директните странски инвестиции во слободните економски зони и стимулациите од државата. Се укажува дека зголемениот јавен долг  ќе го ограничи просторот за фискална поддршка на економскиот раст и дека банкарските системи на сите земји во регионот вклучувајќи ја и Македонија остануваат ранливи поради можното негативно влијание од кризата на грчките банки кои имаат свои удел во банките во државите од регионот. 

Извештајот посочува дека во речиси сите земји од регионот вклучувајќи ја и Македонија, ниските цени на нафтата придонесоа за намалување на стапката на инфлација и подобрување на дефицитот на тековната сметка, што влијае на олабавување на монетарната политика. Ниските цени, според Светска банка, придонесуваат и за дефлаторни притисоци

Претходно, во мај и Европската комисија во својот извештај објави дека очекува Македонија годинава да оствари највисок раст во Европа со стапка на раст од 3,8% и раст од 3,9% во 2016 година.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега