Груевски: Стартува Законот за отпис на долгови од придонеси за социјално осигурување

 

Во сабота стартува Законот за отпис на каматите за долгови од придонеси за социјално осигурување, најави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на охридско-струшкиот регион.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски појасни дека сите компании кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе може да ги платат без да ја плаќаат каматата.

- За оние фирми чии што долгови се од периодот до 2008 година ослободувањето ќе биде 100 отсто, додека за оние што имаат насобрани камати од 2009 до 2014 година, ослободувањето ќе биде 70 проценти. Плаќањето може да биде на 36 рати. Претходно се планираше на 25, но конечно се одлучи на 36 рати, изјави Груевски.

Тој додаде дека оваа можност ја очекуваат околу 16.500  фирми кои со ова ќе ги решат сопствените проблеми,  а покрај нив и над 5.000 индивидуални земјоделци. 

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега