Тимот за привлекување странски инвестиции активно работи

 

Владиниот тим за привлекување странски инвестиции продолжува активно да работи, информира заменик-минситерот за економија Христијан Делев на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

- Покрај вештачки наметната криза тимот за стански инвестиции продолжува со активностите и со презентирање на Македонија како атрактивна дестинација, иако тие беа од страна на опозицијата оспорени, односно бевме критикувани, рече Делев. 

На прашањето за најавени инвестиции во кичевскиот регион рече дека е активен и се реализира на компанијата КСС, но оти се водат разговори и со други две компании за реализација на два проекти за индустриската зона во Кичево. 

-  Има и одредени разговори за одредени браунфилд објекти кои се понудени за продажба за кои има заинтерсирани компании, информира заменик-министерот Делев. 

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега