Патиштата низ Македонија ќе се растеретат од тешките камиони

Од денеска до 31 август се воведува времена измена на режим на државните патишта во Република Македонија. Во текот на овој период се забранува сообраќајот на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е во петок од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 9:00 до 19:00 часот и во недела од 9:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација односно сообраќајни табли.

најчитано сега