Нови вработувања: Италијанска компанија заинтересирана за инвестиција во охридско- струшкиот регион
Најголем дел од новите инвестициите во изминативе 6-7 години кои дојдоа во Македонија се компании од автомобилската индустрија, но и до електрониката бидејќи тие две индустрии глобално најмобилни индустрии. Тие компании секогаш бараат поконкурентна локација за нивното производство каде што можат да најдат соодветна и квалитетна работна сила за да ги задоволат своите глобални потреби , но истовремено дека и глобалните произведувачи на автомобили или на електронски уреди секогаш имаат многу јак притисок врз нив да бидат поконкурентни од ценовна гледна точка.
Ова го подвлече директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо за време на гостувањето на охридската 02 телевизија.
-И во делот на одлуката на Капкон и ОДВ Електрик индиректно самата одлука на КСС беше важна бидејќи самото нивно доаѓање во Македонија индиректно влијаеше врз други две компании да дојдат и да ја изберат Македонија бидејќи, сепак во целиот тој регион кој се разгледува како конкурентна можност за инвестициите, како на пример транспортните трошоци , логистиката и близината е секогаш важна и игра пресудна улога. Но истовремено КСС беше компанија со која бевме во разговори повеќе од 8 години и тие имаа многу добри информации за нас кои можеа да ги споделат со нивните добавувачи, подвлече Мизо.
Првите вработувања во ОДВ електрик веќе започнаа, а се очекува наскоро да започнат вработувањата и за во Костал.
-ОДВ електрик во моментов вработува околу 75-80 луѓе со тоа што планот е до крајот на 2015 година да се стигне до околу 140 или пак до 150 вработувања. Во моментов тие произведуваат компоненти за еден конкурент на КСС. Тоа е Шведска фирма која што исто така е голаблен лидер во производство на сите сигурносни и безбедносни системи за автомобилската индустрија. Со главниот извршен директор на ОДВ електрик беа во Кичево оваа недела за време на разгледувањето на активностите на KСС, а до крајот на овој месец ќе ги завршиме сите потребни активности а потпишувањето на договорите и се очекува дека изградбата на објектот да започне не подоцна од средината на месец август со тоа што на крајот на пролетта почетокот на летото идната година таа нова производствена хала во ТИРЗ Струга-Охриуд ќе биде функционална што значи дека тогаш целото производство ќе биде префрлено таму.
Од гледна точка на Костал во изминативе 4-6 недели, информира Мизо, неколку пати претставниците на Костал биле тука и во Скопје и во Охрид каде се извршиле две различни регуритрања на соодветен кадар. Нивниот план е да започнат со вработување некаде кон средината на септември и тие да бидат испратени на обука во нивните погодни. Исто така и да започнат адаптација на постоечки објект во Охрид каде ќе се започне со браундфилд инвестиција некаде во средината на октомври , а паралелно на тоа се започнуваат и проектирачките работи за градба на објектот во зоната за да бидат соседи со ОДВ електрик .
-Иако немаат директни контакти тие претходно знаеле една за друга , можноста нивните фабрики да бидат една до друга отвора големи можности за соработка, истакна Мизо.
Тој информираше дека следниот понеделник планирана е посета во Албанија каде што со менаџментот на една италијанска компанија која е веќе присутна таму е договорено средба.
-Имено тие го побараа состанокот. Тие таму веќе имаат два производствени капацитети и се разгледува можноста за околу 500 вработувања и тие се заинтересирани токму за Охридско-Струшкиот регион, така да се надевам дека ќе имам поголеми информации. Оваа компанија не е од автомобилската индустрија. Сега имаме нова земја Италија и 500 луѓе а овој регион сите знаеме дека значат многу, подвлече тој
Во моментов функционални се двете ТИРЗ во Скопје како и зоната во Штип и она што значи Јавно приватно партнерство во Тетово, но се привршуваат сите градежни активности во Охрдско-Струшката зона како и во зоната во Прилеп и во Кичево.
-За тие три зони имаме компании кои треба да започнат со работа до крајот на оваа година или за време на средината на идната година. Тоа значи дека сите инфраструктури активности се завршуваат и ќе бидат паралелно изградни со потребите на компаниите без разлика дали тоа е Гнтерм во Прилеп, КСС во Кичево ОДВ електрик и Костал во овде во Охридско-Струшкиот регион. Но, паралелно на тоа работиме и на другите зони зоната во Виница, Делчево, Берово, Струмица, Гевгелија а сето ова зависи од потребите на инвеститорите и се надевам дека со сите планови кои ги имаме за идната година, бидејќи очекуваме потврда од некои инвеститори некаде до октомври оваа година, веднаш ќе ги вклучиме сите наши сили да се ангажираме тие соодветни зони да започнат не само со градба туку градбата да биде завршена до крајот на иднината година, кога ќе е потребно да функционираат новите производствени капацитети.
Македонија е на топ 15 место во истражувањето за отворени работни места од странски инвеститори, со најголем напредок според реномираната Ернест Јанг.
-Не е само позицијата ние се споредуваме со сите земји во Европа, има земји кои се многу поголеми од Македонија. Многу е важно колку работни места се креираат по жител, а од таа гледна точка ние имавме најголем скок во 2014 година во споредба со 2013 година. Мината година имаше над 5000 ново креирани работни места. Она што е важно за оваа година е само КСС и Леар ќе имаат вработување од над 500 луѓе до крајот на оваа година. Тука можам да додадам дека ќе има околу 250-300 и од Гентерм во Прилеп , Техникал Текстајл планира да има над 300 вработувања, Џонсон Контролс во Штип кажа дека можно е да се вработат дополнителни 250-300 луѓе. Ако ги собереме сите овие ново креирано работни места сметам дека и оваа година ќе биде многу успешна, но мора да се земеме во предвид дека од моментот на донесување на одлука до функционирање на производствените погон обично поминуваат околу 15-18 месеци во градба, во обука на луѓе и потоа треба да заминат околу 2-3 додека да се стигне онаа оптимална бројка на вработувања, подвлече Мизо.
Целиот овој процес неколку компании се во различен стадиум, додаде тој, но кога ќе се сумираат сите резултати, ќе имаме една квалитетна и многу добра бројка на ново креирани работни места и што е најважно, најголемиот дел не се во Скопје туку низ разни делови во Македонија. Сметам дека самата идеја на 14 технолошко индустриски развојни зони креира можност да се дисперзира целит тој економски развој. Ако се се концентрира во главниот град, проблем е за сите други градови во Македонија. Но како што гледате, Кичево, полошкиот регион, Охрид, Струга, Прилеп... секаде се креираат нови работни места, доаѓаат нови компании, што значи дека сите луѓе може да најдат потенцијална егзистенција во нивното родно место.
-До пред 5-6 години Македонија воопшто не беше позната земја. Кога ќе спомневме Македонија на состанок не гледаа чудно како е Македонија позната во некои специфични индустрии. Сега не само што Македонија е влезена во мапата, има и други геополитички фактори кои се делумно позитивни за нас. Тунис, кој беше многу конкурентен долго време и од гледна точка на расположлива работна сила, поради Арапската пролет и сите дополнителни терористички напади, Тунис веќе не е во таа игра. Земји како Украина и Молдавија, земји кои беа многу конкурентни, каде работната сила е многу пониска и ние воопшто не можеме да се споредуваме со нив за тие трудоинтензивни компании каде цената е пресудна, заради случувањата во последните 15-18 месеци не се во таа игра. Но Србија, Бугарија, Турција, Романија, понекогаш и Албанија е потенцијална земја конкурент и за капитално интензивни компании тука се Унгарија, Словачка и некогаш источните делови на Полска. Но најважниот адут на Македонија, покрај бенефициите, реформите за подобрување на бизнис климата, е достапноста до луѓето кои се одлучувачки фактор да им се помогне на инвеститорите во реализација на нивната инвестиција. Не е важен само процесот на привлекување инвестиции, туку кога ќе се донесе одлуката на кој начин и колку брзо тие можат да бидат функционални и да им се решат секојдневните проблеми со кои се соочуваат во нова земја. Тука директната комуникација е многу важна бидејќи има начин да се комуницира, да се добијат придобивки и сугестии од нив да се изменат некои работи во Македонија, што значи подобрување на бизнис климата не само за странските инвеститори, туку и за домашните компании, истакна Мизо.
Извозот во првите 6 месеци беше околу 705 милиони евра. Ако го споредиме тоа со 1 милијарда и 170 милиони евра минатата година Виктор Мизо смета дека сме многу блиску да имаме зголемување оваа година.
-Сметам дека ќе имаме минимум 25% зголемување во споредба со минатата година бидејќи овие бројки во изминатите 6 месеци се однесуваат само на компаниите кои се функционални. Со започнување на работа на овие нови компании за кои разговаравме, ќе имаме дополнителен придонес на нивната работа, но соработката со домашните компании е многу поважна, бидејќи глобалните компании кои доаѓаат секогаш сакаат да најдат можност на локалниот пазар да најдат компании кои може да им дадат услуги кои се логистички, обезбедување, кетеринг, но пред се не само компонентите и она што е потребно од гледна точка на репроматеријали, туку сервисирање на опремата и машините. На тој начин креираме едно знаење и искуство во Македонија, каде луѓе се обучуваат да работат во специфични индустрии и сервисирање на многу софистицирани машини, роботи понекогаш или специјални софтверски проблеми, а компаниите до сега за тоа користеа земји како Словенија, Австрија, Германија. Гледаме дека во изминатите 18 месеци се креира дури и на домашно ниво знаење и можност за таков вид сервисирање и компании постојат во Македонија и нормално, работиме со еден програм со Светска банка и IFC на начинот на којшто можат да се помогнат домашните компании со производствените дејности да се сертифицираат и да имаат знаење и квалитет, да можат да бидат добавувачи на странските компании, заклучува тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа