ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на СДСМ лицемерни, нивни претставници не присуствуваа на претходни средби

ВМРО-ДПМНЕ обвинувањата на потпреседателската на СДСМ Радмила Шекеринска ги отфрла како ниски и лицемерни.

Во реакцијата наведуваат дека досега се одржуваа повеќе средби на работната група и оти СДСМ и нејзините претставници Радмила Шекеринска и Рената Десковска Треневска биле единствени кои не присуствувале. 

- Смешни се тврдењата на Радмила Шекеринска и обидите да ја префрли вината на други од најмалку две причини. Прво, заради тоа што анкетите на јавното мислење јасно покажуваат како СДСМ ќе помине на следните избори. Второ, тоа го гледаат и многу функционери во СДСМ, кои или веќе покажаа непослушност или веќе си поднесоа оставки и се дистанцираа од ова раководство на СДСМ,л наведуваат во реакцијата.

Појаснуваат дека денешната средба на работната група не беше ниту прва, ниту втора, туку досега се одржаа повеќе средби, на кои што не присуствуваа претставниците на СДСМ Радмила Шекеринска и Рената Десковска Треневска.

- Радмила Шекеринска,  која што не дошла на досегашните состаноци, денеска излезе за да критикува други. Врв на лицемерието, се додава во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ појаснува дека навремено побарале одложување на денешната средба поради државни и работни обврски на министерот за надворешни работи, Никола Поповски, кој воедно е претставник на ВМРО-ДПМНЕ во оваа работна група.

Тој се наоѓа во работна посета на Брисел, каде се сретна со словачкиот заменик премиер Мирослав Лајчак и еврокомесарот Јоханес Хан и беше претседавач на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ.

- СДСМ може да ги обвинува другите колку сака, но на сите им е јасно дека тие ќе сторат се возможно и невозможно да ги избегнат изборите во април, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата. 

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега