Презентиран проектот за водоснабдителиниот систем на Гостивар

Во Гостивар денеска беше презентирано новото долгорочно решение за обезбедување здрава вода за пиење за градот. Општината и ЈП „Комуналец" во соработка со Федералното швајцарско одделение сојузен за економски работи (СЕЦО), во салата на Советот ги изложија мастер-планот и активностите чија цел е целосна рехабилитација на системот за водоснабдување во градот и околните села.

- Овој проект има повеќе цели но главниот стремеж е подобрување на водоснабдителниот систем во Гостивар и осум села. Проектните активности ќе резултираат со подобрен систем за вода преку создавање потребна инфраструктура, рече проект-менаџерот Михаел Далин од швајцарска компанија "СГИ - ИНГЕНИЕРИЕ СА".

Директорот на „Комуналец" Мемедали Џафери истакна дека активностите ќе вклучат изградба на интерконективни цевки во правец на систем за третман на водата за пиење, изградба на собирен резервоар за вода со капацитет од 2.000 метри кубни и преземање итни мерки за намалување на загубата на вода.

- Со реализација на овој план предвидено е решавање на проблемите со водоснабдувањето на Чегране и Форино кои се меѓу најбројните во општината, нагласи Џафери.

За подбрување на водоснабдувањето во Гостивар ќе се инвестираат 2.000.000 долари пари обезбедени од Министерството за животна средина за финансирање на проектот за филтер-станицата во вредност. Преку КФВ банката обезбедени се еден милион евра, а преку СЕКО проектот 2,7 милиони франци за изградба на нов резервоар за вода. На ова треба да се додадат и 1,5 милиони евра, наменети за замена на главниот цевковод од азбест. 

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега