Падна одлука: Ќе се пушти техничка вода во градскиот водовод во Куманово

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово попладнево одржал уште еден вонреден состанок на кој било одлучено да се пушти вода во градскиот водовод за техничка употреба во домаќинствата.

„Согласно изложени информации за состојба на вода која пристигнува преку водоснабдителен систем до филтер станица, дека матноста на водата се намалува, едногласно е одлучено дека треба да се пушти вода во водоснабдителниот систем на град Куманово, за техничка употреба. Заради хемиска обработка (хлорирање), истата ќе се пушта постепено“, информираат од штабот. 

Оттаму напоменуваат дека водата не треба да се конзумира без термичка обработка - превривање за потребите во домаќинствата.

22.05.2024 - 19:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега