Објавен е огласот за побарувани занимања на пазарот на труд за 220 невработени лица

Денеска излегува новиот оглас за обука за побарувани занимања на пазарот на труд за 220 невработени лица.

Министерот Диме Спасов го најави огласот кој Министерството за труд и социјална политика го објавува во соработка со Агенцијата за вработување, пренесува МИА.

„Би сакал да ги повикам сите невработени лица кои сакаат да стекнат работно искуство во реални работни услови во самите компании да се обучат на механизацијата и на машините кои функционираат во приватните компании за занимања и вештини, кои се побарувани на пазарот на труд. Со тоа да се зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа да се зголеми нивната вработливост и можностите побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупен финансиски износ од 12.000.000 денари“, изјави министерот, по состанокот кој заедно со директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, го имаше со раководството на компанијата „Бато и Дивајн.

Невработените лица кои ќе ја посетуваат обуката, која трае четири месеци, месечно ќе добиваат околу 6.200 денари, а компаниите кои учествуваат практично и приватните провајдери кои  учествуваат во реализација на обуката ќе добијат максимум до 30.000 денари за едно лице.

„Процентот на успешност е на задоволително ниво, односно откако се реализира оваа програма учествувале 970 невработени лица додека  436 се стекнале со работно место односно процентот на успешност е околу 45, што е показател на успешноста на мерката и мотиватор и понатаму да продолжиме да ја унапредуваме. Оваа година со учество на 20 приватни компании, очекувам и наредната година да се приклучат уште приватни компании кои ќе овозможат обука на невработените лица во реални работни услови“, истакна Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека првпат оваа година се приклучиле повеќе приватни провајдери на вакви обуки кои  со своите поквалитетни услови на обука, како што рече, даваат можност да се добие поквалитетен кадар на пазарот, а дел ќе бидат и вработени во самите компании.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега