Преку промоција на конзулската традиција на Битола до подобар културен туризам

БИТ ФЕСТ 2015, десетта година се потврдува како именител на битолската културна традиција, концепт кој ги акцентира индивидуалните силни уметнички креации, но и ги претставува културолошките вредности на Битола како еден од значајните неколкувековни урбани центри во Европа. Локум фест е фестивалски простор во БИТ ФЕСТ 2015, кој што го слави конзулското минато и традиција на Битола, преку чалгијата, изложба на стари фотографии, стари инструменти, предмети, народни носии, спомени.

Целта е заживување на старата битолска чаршија, зачувување културното наследство и поттикнување на културниот туризам. 

Синоќа во рамките на третиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ пред полна сала и воодушевена публика беше одиграна „Многу врева за ништо“, претстава на Народно позориште од Сомбор, соседна Србија.

Одлична, млада актерска екипа, впечатлива визуелност на сценографијата и костимографијата, воспоставена одлична соработка.

Hamlet2014 003

Утре на новата сцена во НТБ во 20:00 часот ќе биде одиграна претставата „Хамлет“, која го зазема централното место во репертоарот на Лит Мун, театарската компанија од Санта Барбара, Калифорнија, САД.  „Хамлет“ е поставуван повеќепати од 2001 година. Претставата започна со сценографот од Чешка, Милон Калис, со кого театарот имаше постојана соработка од почетокот на 2000 г. сè до неговата прерана смрт во 2006 г. Претставата е почитувана и призната како локално, така и интернационално и се изведувала на многу фестивали: Интернационалниот фестивал во Народниот театар на Кина, Гдањск Шекспир фестивалот, Фајрман театарот во Прага, Монтреал Вајлдсајд фестивалот и Монтреал Фринџ (награда за најдобра изведба). Во оваа изведба може да се забележат бројни театарски елементи кои претставуваат белег на театарот: физички пристап кон глумата, екстремен драматуршки пристап кон класичните текстови и моќен визуелен пристап кон Шекспир.

Hamlet2014 070

Во фокусот на претставата е сценографијата од хартија која создава една мембрана меѓу животот и смртта и станува дел од драмското дејство. Хартијата на почетокот е чиста и недопрена, но на крај... ќе погледнете... 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега