Отворен Конкурсот за запишување на студенти/питомци на Воената академија

Министерството за одбрана на Република Македонија денеска отвори Конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија во Скопје.

Министерството ги повикува сите млади лица кои имаат интерес да служат на Република Македонија како идни офицери во Армијата на Република Македонија да се пријават на истиот. Истакнуваме дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството, www.morm.gov.mk и на Воената академија,www.ma.edu.mk.

Воедно, Министерството за одбрана информира дека во тек е и Конкурсот за пилоти во Армијата на Република Македонија. Процесот на селекција и обука се врши во Центарот за обука на пилоти, кој е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки, Центар кој поседува 2 full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Министерството.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега