За откажување од пушењето совет побарале 500 лица

Петстотини лица се советувале за откажување од пушењето, во изминатата година.

Лицата се опфатени со едукативни предава за откажување од пушење во Советувалиштата отворени за оваа намена во рамки на Центрите за јавно здравје во Репбулика Македонија.

Во првата фаза беа опфатени здравствените работници со цел да им помогнат на своите пациенти во процесот на откажување од пушење, соопштуваат од Министерството за здравство, пренесува МИА.

Сите Центри за јавно здравје подготвија план за работа на Советувалиштето, кој е достапен на веб-страниците на Центрите. Овие едукации се одржуваат двапати неделно по два часа. На пример, во Центарот за јавно здравје во Скопје, советувалиштето работи во вторник и четврток од 13 до 15 часот.

Советувалиштата се достапни  за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје и во нив работи стручен и обучен кадар од доктор-специјалист и медицинска сестра, а по потреба и други соработници (социјален работник, психолог и др.), кои одржуваат едукативни предавања со фокус на презентирање на штетните ефекти од пушењето врз здравјето на пушачите, како и на штетните влијанија од тутунскиот чад за околината.

Со континуирана едукација и укажување на штетните последици од пушењето, придонесуваме кон целокупно подобрување на јавното здравје.

Советувалиштата функционираат од јуни минатата година, а половина од опфатените со преддавањата се здравствени работници. 

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега