Грчката полиција уби двајца Албанци бегалци од затвор

 

 

Двајца Албанци, кои беа дел од групата што во март побегнаа од затворот во градот Трикала во Грција, се убиени синоќа во престрелка со припадници на грчките полициски сили.

Акцијата за апсење на избеганите затвореници почнала вчера во утринските часови откако биле идентификувани од полициските термички камери, а потоа почнала интензивна потрага со хеликоптер и полициски кучиња. На предупредвањата да се предадат, албанските државјани отвориле оган од автоматски пушки на што полицијата возвратила. Во жестоката престрелка двајца од затворниците биле убиени. Полицијата  ја продолжила потрагата по уште најмалку четири лица, кои биле поделени во две групи и се движеле во различни насоки. 

Инаку, на 22 март од затворот Трикала избегаа 11 Албанци, тројца од нив веднаш беа уапсени, додека останатите осум се криеја во разни области во Грција.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега