Утре ќе се топи асфалтот по улиците

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 31 до 41 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец

Температурата ќе достигне до 40 степени. 

Утре и во четврток под влијание на многу топла воздушна маса ќе има значителен пораст на дневните температури кои на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Во четврток вечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе предизвика пад на температурите за неколку степени. Потоа и во следните денови ќе има услови за локална нестабилност. 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега