„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 15% и 56 нови вработувања во првото полугодие од 2015-та
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15%. Зголемување од 9% е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7%, додека нето добивката е зголемена за 3%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари.
Вo периодот јануари - јуни 2015 година во Алкалоид се реализирани 56 нови вработувања во Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа