Ако сакате плата од 40.000 денари вработете се на овие места низ Македонија

 

Податоците на заводот за статистика евидентираат три индустрии во земјава во кои просечната плата е меѓу 35 и 40 илјади денари. Според денес објавените податоци тоа се Информациите и комуникациите, Финансиските дејности и дејности на осигуривање и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, анализира Економски.

1
2

Инаку, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015, изнесува 22.071 денари и претставува зголемување за 2,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за15,8 отсто, Други услужни дејности за 7,5 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 6,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 5,4 отсто и Информации и комуникации за 5,0 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015 изнесува 32 393 денари.

Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега