Од 1 август се укинуваат придонесите за хонорарците
Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1 август 2015 година. Ваквото решение Владата го предложи откако анализите покажаа дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско огисугурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата.
- Измената што се предлага, односно укинувањето на плаќањето на придонесите за договорите на дело и авторските договори или популарно наречените хонорарци се прави од причина што со неколку други мерки на Владата се исцрпеа ефектите што сакавме да ги постигнеме. Во последните три месеци се рализираше и проектот „Македонија вработува“ која што овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето на придонеси на лица што ќе бидат вработени од страна на приватниот сектор и со тоа практично околу 4.000 лица во РМ веќе имаат стекнато статус на редовен работен однос и за нив се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, појасни министерот Ставрески.
Тој додаде дека вториот проект кој исто така реши добар дел од проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори е во сегментот на трансформација на работниот однос во рамки на јавниот сектор. Со ова, како што рече, на лицата кои долги години беа ангажирани со договори на дело и слични други типови на договори им се трансформираше работниот однос во редовен работен однос и со тоа на тие лица сега им се уплаќаат придонеси и за пензиско и за здравствено осигурување што значи кај тие лица е решено прашањето на користење на услугите и унапредување на работничките права.
Според Ставрески, со ова решени Владата излегува и во пресрет на барањата кои во јавноста беа изразени бидејќи, како што рече, нашата намера беше да помогнеме во делот на регулирање на правата од работен однос и исто така да овозможиме сите лица да имаат рамноправен статус, а сепак во јавноста се создаде слика дека постојат други причини поради кои се прави како полнење на буџетот.
- Со оваа мерка со укинувањето на придонесите докажуваме дека тоа не беше случај бидејќи од друга страна на начинот како фунцкионираше тоа приходите не беа толку значајни за буџетот. Сакам да кажам дека се работи за износ на средства кои на годишно ниво се околу 220 до 250 милиони денари што покажува дека немаше никаква намера и дека имавме право дека целта не е да се добијат дополнителни приходи во буџетот или во фондовите, туку целта е едноставно да им се помогне на луѓето кои дотогаш беа регистрирани како лица кои имаат договор на дело или авторски договор и немаат никакви уплати на придонеси во фондовите за пензиско и за здравствено осигурување и според тоа ги немаат тие права што ги нудат уплатите на придонесите.
Потсети дека обврската за уплата на придонеси беа направени во функција на овозможување на лицата што се на договори на дела, авториски договори и други слични договори да можат да уплаќаат придонеси и со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на услугите во здравствениот систем и кога ќе дојде време за пензионирање исто така со уплатата на придонесите да имаат можност и да добијат пензија, но и да се зголеми нивото на пензијата.
Генерално сметам дека овој законот со кој се вовоеде обврска за уплаќање придонеси го постави на правична основа од една страна лицата за да можат да ги реализираат своите права, а од друга страна да бидат рамноправно третирани како лицата во работен однос.
Одговорајќи на новинарско прашање рече дека Владата како и секогаш досега кога има аргументи, факти и бројки кои покажуваат дека одредено решени теба да се приспособи Владата е отворена да го направи тоа и дека и натаму ќе ја води така политиката. - Отворени сме и во овој случај покажуваме дека имаме слух за јавноста дека ако одредена ситуација создава незадоволство кај поголем број лица и ако, како шпто велам, аргументите беа во функција на тие исти лица да им се помогне и Владата е отворена за други решенија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа