Двајца во болница, двајца во бегство - детали за пукањето во кумановско
Пукање со огнено оружје вечерва околу 20,45 часот имаше во селото Лопате-Куманово, во близина на пругата, поради претходна расправија, браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од с.Липково со ПМВ „ФВ-Венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и Фатон Зендели (22) од с.Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило „ФВ-Шаран“, физички ги нападнале и и со тврд предмет им нанеле телесни повреди, по што испукале неколку истрели од огнено оружје кон нив, но не ги погодиле, а два проектила завршиле во каросеријата на возилото. Ремзи и Фатон се хоспитализирани во МЦ Куманово, а по Фуркан и Фарук се трага.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа