Маж повреден со огнено оружје, пукале кон него додека пешачел во Сарај
На 29.05.2025 во 12:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горна Матка, општина Сарај, Ш.И.(36) од с.Грчец, скопско се здобил со повреди во ногата од огнено оружје.
Според пријавеното, додека се движел пеш, две лица испукале проектили кон него и избегале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
30.05.2025 - 23:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа