Додик: Ниту САД не можат да ја спасат БиХ
Претседателот на Република Српска Милорад Додик предупреди дека ниту американската администрација не може да ја промени состојбата во Федерацијата Босна и Херцеговина.
- Исклучувањето на еден конститутивен народ, во овој случај српскиот од федералните уставни промени, говори за правнита намери на авторот на тој проект. Тука станува збор за правење на противуставен и антидејтонски пакет промени на Уставот на Федерацијата, кој не го почитува принципот на конститутивноста, рече Додик.
Тој смета дека вмешувањето на американскиот амбасадор Патрик Мун во реформите на Уставот на БиХ не е добро за вкупната политичка состојба во Босна и Херцеговина.
ФОТО: Алфа