ВИДЕО: Уапсените во антитерористичката акција изведени пред суд
Повеќе лица се уапсени во голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на ИСИС во земјава како и на лица кои врбувале македонски државјани за учество во паравоени формации и лица кои учествувале во истите.
Во скопскиот кривичен суд во тек е распит на дел од осомничените кои полицијата ги уапси утрово спроведувајќи голема антитерористичка акција насочена против припадници на ИСИС во Македонија, како и на лица кои врбувале македонски државјани за учество во паравоени формации и лица кои учествувале во истите.
Според информациите на Алфа, освен претреси на повеќе локации во Скопје, претрес имало во Струга, Куманово и во Гостивар. Со пријавата на МВР ќе бидат опфатени повеќе лица и за акцијата МВР најавува повеќе информации во текот на денот.
Полицијата во акција го разби гнездото на ИСИС во Скопје кое според неофицијалните информации е џамијата Тутунсус, за која ИВЗ со години тврди дека не ја контролира. Се уште не потврдените информации говорат дека во акцијата е приведен и самопрогласениот имам на џамијата.
Видеото во продолжение го објави АЛФА
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа