Голем инцидент на плажата Кадмо во Охрид

 

Вчера околу  04,00 часот во полициската станица Охрид, 25- годишната  Ј.Ф од Охрид, пријавила дека во 02,00 часот во угостителскиот објект „Кадмо“ на истоимената плажа додека била во објектот со К.Р. и Д.Ј. од Охрид и Т.Н од с.Љубаништа–Охрид, Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле две непознати лица лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“, го фатиле за кошула и го извлекле надвор.

Веднаш потоа неколку лица физички го нападнале К.Р. удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а исто така насилно и неа ја исфрлиле надвор од објектот.

Потоа со возило кое го управувала Д.Ј., а во кое К.Р. паднал во безсознание се префрлени во медицинскиот центар во Охрид

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега