Кавадарчани украле мајмун од Зоолошката во Скопје
Две лица од Кавадарци синоќа украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје, потврди денеска полицијата.
- Вчера во 17:30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси, рече Лиза Бендевска, портпарол во МВР.
Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци. Одземено им е мајмунчето, по што се пуштени.
По расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа