Какви ќе бидат новите цени на бензините по големото намалување?
Регулаторната Комисија за енергетика овој вторник ги објави новите цени на бензините. Следуваа супер вести со оглед на тоа дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 ден/лит и цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,287 ден/кг.
Останува да видиме дали повторно Регулаторната комисија ќе не изненади со добри вести по големото намалување на цените.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа