Повеќе скопски населби утре во мрак

 

Корисниците од скопското село Јурумлери утре од 7:30 до 15:30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 17 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Усје, а од 9 до 11:30 часот дел од корисниците од улицата „Саса“ подулица 18 во општина Кисела Вода. 

Од 9:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Рампо Левката“ во општина Карпош, а од 9 до 14 часот корисниците од скоспкото село Чајлане, општина Сарај.

Корисниците лоцирани на улицата „Димо Хаџи Димов“ од број 1 до број 23 ќе бидат без струја од 10 до 14 часот, а од 12 до 15:30 часот дел од корисниците лоцирани на улицата „22“ во село Волково. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега