Неновски: Кредитниот рејтинг на Македонија е потврда за добрата економска политика
Потврдата за кредитниот рејтинг на РМ од ББ +, значи потврда за претходната и сегашната економска политика на земјава, а се нагласува маркоеконоската стабилност, стабилноста на монетарниот, фискалниот и банкарскиот сектор, вели за Лидер универзитескиот професот Томе Неновски.
-Рејтинг агенцијата ФИЧ во континуитет го потврдува кредитниот рејтинг на РМ од ББ+. Тоа значи потврда за претходната и сегашна економска политика од аспект на нејзините остварувања и очекувања. Притоа, се нагласува макроекономската стабилност, а особено стабилноста на монетарниот, фискалниот и банкарскиот сектор во РМ, како инструменти за заштита на домашната економија од влијанијата на надворешните и внатрешните кризни случувања, но и како носители на економскиот растеж на земјата. Агенцијата ФИЧ, особено, ја нагласува важноста на создадената бизнис клима која РМ ја сместува меѓу првите 30-на земји со најдобар амбиент за економско дејствување. Нивна незаобиколна оценка е дека, солидното ниво на девизни резерви и скромниот дефицит на тековната сметка на платниот биланс на земјата, создаваат услови за непрецена отплата на довтасаните кредитни долгови на земјата спрема странство. Најпосле, во одредувањето на кредитниот рејтинг на РМ, ФИЧ го има предвид неспорниот факт за перманентно намалување на стапката на невработеност на РМ, изјави за Лидер Томе Неновски, универзитетски професор.
Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Ова е десетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ+ за Македонија. Како база за својата оценка Фич ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека се „над ББ просекот“. Фич ја оценува бизнис климата во Македонија како исклучително поволна и наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.
Фич во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10 отсто, односно од 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто.
Банкарскиот сектор во Македонија кредитната агенција го опишува како добро капитализиран и високо ликвиден, вклучително и двете банки кои се во грчка сопственост.
Како ризик Фич ја посочуваат домашната политичка ситуација, за која очекуваат да се надмине со спроведување на договорот потпишан под покровителство на комесарот Хан.
Според прогнозите на Фич Македонија и во иднина ќе продолжи да води стабилна фискална и монетарна политика, а трговските партнери на Македонија во ЕУ ќе продолжат со закрепнување што ќе влијае поволно на надворешно трговската размена.
Македонија е инаку една од ретките земји во регионот и пошироко која успеа да го задржи истиот кредитен рејтинг толку долг период. Минатата и оваа година им беше намален рејтингот на Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија и други земји.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа