ММФ: Македонија меѓу најмалку задолжените земји во Европа
Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа, констатира ММФ во изјавата од мисијата на Фондот во земјава од јули годинава.
Како што велат од Фондот, Владата е посветена на стабилната фискална политика и дека стабилното управување со јавните финансии е нејзин топ приоритет. Во извештајот на ММФ Македонија со јавен долг од 43,7 отсто и државен долг од 36,1 отсто е меѓу најмалку задолжените земји во Европа. Истакнато е и дека долгот е резултат на јавните инвестиции во инфраструктурни проекти како патна и железничка инфраструктура, енергетика и здравство, што понатаму ќе генерира раст на економијата и ќе влијае на намалување на невработеноста.
Согласно податоците на ЕУРОСТАТ, Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа. Помал државен долг од Македонија имаат Естонија, Луксембург, Бугарија и Латвија. Инаку просекот на државниот долг во регионот, без Грција, е над 60 отсто или скоро двојно повеќе од македонскиот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа