Земјоделско семејство преку владините мерки планира изградба на рибник

 

Илинка Ангелеска со семејството пред неколку години се одлучиле да ги искористат мерките за земјоделците кои владата ги овозможува. Седум години подоцна имаат земјиште од 10 хектари кои го работат во Долно Лисиче, а планираат да направат и рибник.

Премиерот Никола Груевски кој денес беше во посета на општина Аеродром, го посети  индивидуалното земјоделско стопанство со овошни насади на ова семејство, кое истакна дека е задоволно од мерките и можноста која им е дадена.

-Почнавме пред седум години, прво со земјиште на концесија, на потоа почнавме со набавка на машини, сега и за трет трактор аплициравме. Ги искористивме сите мерки кои Владата ги овозможува, истакна Ангелески.

На земјиштето со површина од 10 хектари, овие земјоделци имаат насади со ореви, кајсии, круши, а владините мерки ги искористиле и за набавка на механизацијата која им е потребна за да го работат земјиштето.

-Вие порано немавте никаква врска со земјоделие, си земавте концесија, земјиште, сè искористивте. Има многу вакви случаи, луѓе што не биле во земјоделие, ги виделе шансите што ги дава Владата и почнале, истакна премиерот во разговорот со семејството Ангелески.

Тие велат дека се задоволни од тоа како досега се одвива нивната работа и во иднина планираат на дел од земјиштето да направат и рибник. 

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега