Трагедија: Уште еден живот згасна на македонските патишта

 

Милко И. (28) од село Пчиња го загуби животот во сообраќајна несреќа, која вчера попладнето се случила на патот Куманово- село Пчиња, пренесе Курир.

Автомобилот Санг Јонг во кој Милко бил сопатник, од засега непознати причини излетал од патот.

Поради тешките повреди Милко починал на лице место, а тешко повреден е 20- годишниот возач С.Н. од истото село, кој веднаш бил пренесен во Кумановската болница.

Полицијата извршила увид наместото на несреќата во присуство на Јавен обвинител.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега