Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај
Поради најавите за дожд обиколницата околу Скопје утре повторно ќе биде отворена за сообраќај, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини на македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа