Патната и железничката инфраструктура приоритет - се инвестира како никогаш до сега
Еден од приоритетите на Владата на Р.М е изградба на патната и железничката инфрасруктура. Во периодот од 2006 -та година со сега изградени се и реконструирани неколку автопати и делници во должина од 73 километри и вкупна инвестиција од 166 милиони евра, анализира порталот Лидер.
Во конкретниот период изградени се:
Во 2011 година изградена е делницата Табановце – Куманово со должина од 7,5 километри. На автопатот Куманово – Табановце изградени се две клучки и тоа клучка Табановце и клучка Речица. Вкупна вредност на проектот е 13,3 милиони евра.
Во 2012 се изврши рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес. Должината на рехабилитираната секција изнесува 27,6 километри, а инвестициската вредност изнесува 6,6 милиони евра.
Автопати во изградба
Во моментов се градат три нови автопати Демир-Капија – Смоквица на Коридорот 10, автопат Мајка Тереза на релација Кичево – Охрид и автопат Гоце Делчев на релација Миладиновце (Скопје) – Штип. Во тек е рехабилитација на автопатска делница од Велес до Катланово (Скопје). Вкупно во тек е изградба на 155,7 километри нова автопатска мрежа или инвестиција од околу 795 милиони евра.
Изградба на автопат Демир Капија-Смоквица, во должина од 28,2 км како дел од Коридорот 10. Вкупната инвестициона вредност изнесува 210 милиони евра
Изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев), во должина изнесува 47 километри инвестиција изнесува 206 милиони евра
Изградба на автопат Кичево –Охрид(автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри. Инвестицијата е вредна 374 милиони евра,
Рехабилитација на автопатска делница Велес-Катланово (Скопје), со должина од 23,5 километри. Инвестицијта е вредна 5,6 милиони евра
Планирани автопати за изградба
Предизвик на Министертвото за транспорт и врски и секако Владата на РМ е изградба на нови автопатски делници во проектот за развој на транспортната мрежаво Република Македонија. Се планира изградба и рехабилитација на над 70 километри автопатски делници.Притоа во рамкте на овие инвестиции, планирани се следните проекти:
Изградба на автопатска делница Требениште – Струга. Оваа автопатска делница е во должина од 8,5 километри. Проценетата вредност на проектот е 45 милиони евра, а ќе се финасира со средства од ЕБОР.
Рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши рехабилитација и надградба на 10,15 км од автопатската делница од Смоквица до Гевгелија. Проценетата вредност за рехабилитацијата на оваа автопaтска делница изнесува 4,2 милиони евра. Проектот ќе се финасира со средства од ИПА и буџетот на РМ.
Рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци. Предвидена е рехабилитација на секцијата Куманово Миладиновци (десен коловоз) со должина од 22,3 километри и на секцијата Миладиновци-Куманово ( лев коловоз) во должина од 22,5 километри. Проценета вредност е 16 милиони евра, а проектот ќе се финансира со средства од ИПА и буџетот на РМ.
Изградба на автопат Гостивар-Кичево. Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со ширина од 3, 75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м во секој правец.Оваа делница ќе биде продолжение на автопатот Кичево– Охрид.
Изградба на автопатска делница Скопје-Блаце. Оваа делница се планира да биде со должина од 13 километри и широчина од 27, 5 метри.
Рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија. Со овој проект се планира комплетна рехабилитација на двата коловоза, поставување на нови банкини и заштитници, поставување на нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација. Делницата е долга 6,5 километри. Се очекува отпочнување на градежни работи во 2016 година и да траат 12 месеци. Проценета вредност на овој проект е 7 милиони евра, а ќе се финансира со средства од ИПА и буџетот на РМ.
РЕГИОНАЛНИ И МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА
Од 2006 година се до почетокот на 2015 година изградени и рехабилитирани се 39 регионални и магистрални патни правци со вкупна должина од околу 510 километри или вкупна инвестиција од над 93 милиони евра.
Патишта во изградба.
Во тек на изградба и рехабилитација се на четири регионални и магистрални делници со вкупна должина од 52,3 километри или инвестиција од 28,6 милини евра.
рехабилитација на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови,( ЗАВРШЕН)
изградба на нов регионален пат Скопје-Сончев Град
изградба на нов регионален пат Опае – Бељаковце – Станчиќ – граница со Косово,
изградба на експресниот пат Велес-Кадрифаково
Планирани патишта за изградба
Во фаза на подготовка за отпочнување со рехабилитација се 11 регионални патни правци со вкупна должина од 158 км и тоa:
Битола – Ресен- Буково( ОТПОЧНАТ )
Спој со А4 (Ново Село) – Маврово – Жировница – Дебар (ОТПОЧНАТ )
Делчево – Голак
Мокрино – Смолари( ОТПОЧНАТ)
Мелнички мост – Центар Жупа
Лажани – Ропотово – Црнилиште
Кривогаштани – Обршани – Воѓани
Кочани – Делчево
Нов Дојран – Николиќ ( ОТПОЧНАТ )
Тетово- Брвеница- Чегране (ОТПОЧНАТ)
Градско – Прилеп ( експресен пат)
Охрид-Пештани
Штип-Кочани ( експресен пат)
Штип-Радовиш (експресен пат)
ЛОКАЛНИ ПАТИШТА
Во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа, во периодот од 2010 до 2015 година, реконструирани се 360 локални патишта во должина од 692 километри и инвестиција во вредност од 57,2 милиони евра.
“Владата за изградба на локални патишта ширум Македонија годинава издвои 7,2 милиони евра, а досега за таа намена има инвестирано 57 милиони евра секаде каде што било приоритетно и најпотребно. Така ќе продолжиме и во иднина затоа што се значајни за граѓаните, за економијата и за се што е поврзано со локалните патувања. По преземањето на власта многу интензивно почнавме со градба на локални патишта и не застанавме од 2006, иако во еден период не критикуваа дека многу обрнуваме внимание на локалните патишта, а малку на автопатиштата. Ние обрнавме поголемо внимание на автопатиштата, но го задржавме истото внимание на локалните патишта, изјави премиерот Груевски по посетата на селото Света Петка, во општина Сопиште.
Во 2015 година ќе се реконструираат 46 локални патишта со вкупна должина од 57 километри и инвестиција од 7.2 милиони евра. До сега рехабилитирани се 22 локални патишта.
Железница
Во делот на инфраструктурата, влеговме во еден инвестициски циклус со кој комплетно ќе ги смениме тековите на транспортните коридири, информираат од Министерството за транспорт. Во овие нови проекти влегува изградбата на пругата кон Република Бугарија во три фази, како и плановите за изградба на пруга кон Албанија а исто така и изградбата на пругата кон Кременица како нов алтернативен пристап кон Југ.
Изградба на пруга Куманово – Бељаковце. Изградбата на оваа железничка делница со должина од 31 километар претставува инвестиција од 39 милиони евра, средства обезбедени од заем од ЕБОР.
Изградба на пруга Бељаковце – Крива Паланка. Ова претставува втора фаза од железничкото поврзување со Бугарија . Оваа делница е долга 34 километри. ЕБОР веќе одобри заем во висина од 145 милиони евра.
Изградба на пруга Крива Паланка – Деве Баир (граница со Р. Бугарија). Во 2015 година ќе започнат подготовката за изработка на основен проект и тендер за градба и надзор за нова делница од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија како последен дел од железничкото поврзување со Р. Бугарија на Коридорот 8.
Изградба на пруга од Кичево до Лин – Р. Албанија. Специфична цел на овој проект е да се подготви проектната докумeнтација за идната изградба на нова железничка делница Кичево-граница со Република Албанија како дел на Пан-Европскиот Коридор 8, со должина од околу 63 километри. Во рамките на овој проект се предвидува нова едноколосечна електрифицирана железничка линија. Очекуваме проекот да се изработи до 2016 година.
Изградба и реконструкција на пруга на делницата Битола-Кременица, како дел од кракот 10д од Коридорот 10. Во 2015 година започна изградбата односно реконструкцијата на пругата од Битола до Кременица (граница со Република Грција). Вредноста на проектот е околу 20,5 милиони евра.
“За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Република Бугарија и кон Република Албанија. Со изградбата на оваа пруга, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон исток и кон запад, важен сегмент за регионалното поврзување“ вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Реконструкција на железничката станица во Скопје. Вредноста на проектот е 2,5 милиони евра. Реконструкцијата ќе заврши 2015 година.
Реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10 и кракот 10Д. Во овој проект се вклучени железничките станици: Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско, Неготино – Вардар. Проектот е во вредност од околу 2,5 милиони евра.
Реконструкција на пругата на Коридор 10. Во овој проект вклучена е реконструкција на три делници и тоа: Ремонт на делница Табановце Куманово (12 km) и Миравци Смоквица (12 km). За овие две делници инвестицијата е во вредност од 7 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР. Во тек е реконструкција на делницата Ногаевци-Неготино со должина од 31 километар и инвестиција од 9,4 милиони евра.
Железнички сообраќај
Набавка на нови 150 товарни вагони. Во 2015 година заврши набавката на 150 нови товарни вагони за потребите на МЖ Траспорт АД. Инвестицијата е вредна 13.2 милиони евра.
Набавка на 6 нови возови. В0 2015 ќе започне испораката на новите патнички возови. Од нив 4 се дизел а 2 се електро-моторни возови. Инвестицијата е вредна 25 милиони евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа