Сите поволности на едно место: Купи куќа купи стан во Велес

 

Караванот „Купи куќа, купи стан” денеска ќе биде во Велес. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17:00 часот .

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Велес кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банки и локални градежни компании, секоја наредна среда посетува различни градови. 

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега