Драма во гостиварско: Се развеле, но мажот продолжил да ја малтретира неа и децата
33-годишната Т.А. од гостиварското село Равен, вчеравечер околу полноќ пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот поранешен сопруг А.А.(33), со кого биле разведени повеќе од една година.
По вербалната расправија, откако дошол дома, тој побарал таа со децата да замине кај нејзините, по што почнал да и вика на малолетната ќерка и со предмети да фрла низ просторијата.
Според кажувањето на Т.А, поранешниот сопруг и претходно физички и психички ги малтретирал и побарала кривичен прогон.
Набрзо, А.А. е приведен, разговарано е со него, а потоа е пуштен. Се работи на целосно расчистување на пријавеното.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа